logo
logo
logo

Манчестер Јунајтед го потпиша најголемиот спонзорски договор во историјата

Vecer | 20.03.2021

Манчестер Јунајтед го потпиша најголемиот спонзорски договор во историјата

Тимот на Манчестер Јунајтед го постигна најголемиот досега договор со една компанија за рекламирање на дрес. Клубот потпиша петгодишен договор со компанијата од Германија, TeamViewer чие лого ќе стои на дресот од сезоната 2021/2022 година. За овој склучен дил, тимот на Манчестер Јунајтед ќе добие вкупно 235 милиони фунти или пак поделено, 47 милиони по сезона.

Логото на компанијата е сино, но ќе биде адаптирано со оглед на црвената боја на дресовите на Манчестер Јунајтед.

Ова значи дека и покрај не така стабилните резултати, односно лошиот перформанс на клубот во изминатите сезони, Манчестер Јунајтед не загуби од вредноста како клуб, напротив таа очигледно се зголемува.

 

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk