Капитенот на Манчестер Јунајтед, Хари Мегваер, ќе го пропушти финалето во Лигата на Европа против Виљареал. 28-годишниот централен дефанзивец се здоби со повреда на лигаментите на скочниот зглоб пред 16 дена кога Ел Гази од Астон Вила го собори на земја со груб старт.

Фудбалерот патува со тимот во Гдањск (Полска), каде утре ќе биде одреден новиот освојувач на трофејот.

„Претпоставувам дека Хари само ќе џогира. Тој веројатно ќе се обиде малку да се вклучи во тренинг и неговата состојба сега изгледа многу подобро, но нема да може да учествува на средбата. Секогаш е тешко да останеш без некој од фудбалерите, но таков е фудбалот. Финалето е награда за она што сте го направиле цела сезона“, рече Солскјер.

sportmedia.mk