logo
logo
logo

Манасков се врати на терените, 16 интервенции на Митревски

Vecer | 15.05.2021

Манасков се врати на терените, 16 интервенции на Митревски

Дејан Манасков се врати на терените по паузата поради повредата со која се здоби на квалификацискиот меч против Финска. Македонскиот репрезентативец постигна три гола во победата на Веспрем над Дабас од 29-39.

Манасков беше трет стрелец во редовите на унгарскиот првак со четири погодоци. За Веспрем триумфот во домашниот шампионат дојде во вистинско време по поразот од Нант во првиот четвртфинален меч во Лигата на шампиони.

Никола Митревски продолжува со одличното издание во дресот на Порто. Репрезентативниот голман одново ја имаше главната улога во триумфот над својот тим, овој пат над Бенфика од 35-33. Митревски запиша 16 интервенции, имаше 32 проценти на одбранети удари. Две одбрани беа од седум метри.

За Порто ова беше 27 победа во исто толку натпревари во тамошното првенстви.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk