logo
logo
logo

Манасков мора на лекарски прегледи

Vecer | 29.04.2021

Манасков мора на лекарски прегледи

Македонската ракометна репрезентација се врати од Финска. Нашите момци во едно неубедливо издание дојдоа до триумфо од пет гола разлика против аутсајдерот, на гостински терен славеа со 22-27 и го заверија пласманот на ЕП 2022 година, како и второто место на табелата во групата.

Оваа средба Дејан Манасков ја почна, но потоа беше направена иземна. До крајот ракометарот на Веспрем не влезе во игра, а причината е повреда. Не станува збор за нешто сериозно, Манасков незгодно доскокнал, но нема да се ризикува. Тој денеска ќе оди на лекарски прегледи по што ќе биде позната целата слика.

Македонија на последниот меч од квалификациите за континенталниот собир кој ќе се одржи во Унгарија и Словачка, ќе се сретне со Швајцарија, дуелот се игра во недела во СЦ „Јане Сандански“.

 

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk