Дејан Манасков и Веспрем очекувано се најдоа во финалето во Купот на Унгарија. За противник го имаа тимот на Балатонфуреди кого го совладаа со убедливи 43-26.

Победникот беше решен уште по првите 30 минути, Веспрем имаше позитива од двоцифрени 23-12.

Манасков беше стрелец на пет гола, прво име беше Македа со седум погодоци. Противник во финалето ќе го имаат подобриот од Веспреми и Пик Сегед.

sportmedia.mk