logo
logo
logo

Мамиќ им платил на судија од судот во Осијек и на неговата љубовница луксузно патување во Дубаи!

Vecer | 23.03.2021

Мамиќ им платил на судија од судот во Осијек и на неговата љубовница луксузно патување во Дубаи!

Никогаш не е досадно со Здравко Мамиќ. Тој “експлодира бомба“ во Хрватска со својот статус на ФБ во кој пишува дека на Звонко Векиќ, судија од Жупанискиот суд во Осијек, токму тој суд го осуди него на казна затвор, му платил луксузно патување во Дубаи. Дека едноставно го подмитил и дека со Векиќ била и неговата љубовница и нејзината ќерка.

Во доказите кој тој ги поднесува се гледа дека патувањето навистина било луксузно и тоа за три особи, а патувале со луксузна класа во авион.

Тој ги предпреди останатите судии во Жупанискиот суд во Осијек да се поднесат оставки, во спротивно јавноста ќе биде информирана за се она што тие правеле во своите судиски кариери.

Кога сме кај Векиќ, претседателот на Жупанискиот суд во Осијек побарал најстрога казна за него. Векиќ пак се бранел дека приватно не го познават Мамиќ.

Навистина секогаш е интересно кога станува збор за Мамињо.

 

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk