logo
logo
logo

Малолетен фан на Рајо се извини, ама сепак доби казна за расизам кон Винисиус!

Vecer | 30.11.2024

Малолетен фан на Рајо се извини, ама сепак доби казна за расизам кон Винисиус!

Како што официјално објави Реал Мадрид, малолетен фан на Рајо Ваљекано за расизам кон Винисиус и покрај тоа што јавно се извинил, сепак добил санкција. Тој беше обвинет поради тоа што на мечот на 18 февруари извикувал расистички навреди кон напаѓачот на “кралевите“. Потоа тој се извинил со писмо, но сепак е казнет со една година забрана на влегување на стадионите ширум Шпанија, но и ќе мора да одработи општествено корисна работа.

Во последните неколку месеци дури четири случаи добија судска завршница откако Винисиус и Реал Мадрид, а самата држава Шпанија, посериозно тргнаа во битка против расизмот.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk