Манчестер Јунајтед не успеа да го освои пехарот во Европската лига, во финалето беше совладан од Виљареал по изведување на пенали со 11:10 (1:1).

По завршување на мечот, играчите на премиер-лигашот, очекувано беа многу разочарани, а за ова потврдува и церемонијата на доделување на медалите.

Речиси сите фудбалери на тимот од „Олд Трафорд“ веднаш ги извадија медалите, малкумина останаа големи. Меѓу нив беше Едисон Кавани, кој покажа почит, иако истите не се утеха за пехарот.


sportmedia.mk