logo
logo
logo

Малер до малер: Ирците стартуваат без девет фудбалери плус Бамфорд ги „откачи“

Vecer | 22.03.2021

Малер до малер: Ирците стартуваат без девет фудбалери плус Бамфорд ги „откачи“

Фудбалската репрезентација на Република Ирска со многу проблеми ќе ги почнат квалификациите за СП 2022 во Катар. Тие на 24 март ќе играат со Србија во Белград, а три дена подоцна против Луксембург на домашен терен.

Селекторот Стивен Кени објави список на играчи на кои не беа пет стандардни репрезентативци, меѓутоа бројката подоцна се искачи на девет играчи кои неможат да помогнат.

Првично отпаднаа голманот Дарен Рендолф (Вест Хем), стоперот Џон Иган (Шефилд Јунајтед), играчите за врска Џејмс Мекарти (Кристал Палас) и Џек Бирн (АПОЕЛ) како и младиот напаѓач Адам Ејде (Норич).

На нив им се приклучија уште играчите за врска Конор Хурикејн (Свонси) и Калум О’Дауда (Бристол), како и стоперот Кевин Лонг (Барнли) и голманот на Ливерпул Кувин Келехер.

Па таа селекторот е принуден на голманската позиција да го стави третиот голман Марк Траверс од Борнмут кој ќе дебитира.

Капак на се беше откажувањето на Патрик Бамфорд од Лидс. Овој играч влече корени од Ирска од страната на дедо му, па ФС на Ирска го посака во напаѓачкиот ред каде што Ирците имаат најголеми проблеми. Сепак, одличниот стрелец на Лидс го одби повикот и се фокусираше на англискиот национален тим. Сепак, Бамфорд и покрај одличната форма ќе почека за деби за „Гордиот Албион“ затоа што Саутгејт за овој циклус го повика Оли Воткинс.

А дополнителни повици за Ирска добија централниот бек Дар Ленихан (Блекбурн) и везистот Конор Ковентри (Вест Хем).

 

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk