logo
logo
logo

Малдини потврди, Ибрахимовиќ останува на „Сан Сиро“

Vecer | 10.04.2021

Малдини потврди, Ибрахимовиќ останува на „Сан Сиро“

Директорот на Милан Паоло Малдини денеска потврди дека Златан Ибрахимовиќ е многу блиску до потпишување на нов договор. Швеѓанецот има 39. години и е најдобар стрелец на Милан, а неговиот договор со клубот важи до лето.

Според зборовите на Малдини, Ибрахимовиќ ќе остане на „Сан Сиро“ уште една сезона, што значи дека и со 40. години ќе игра во Серија А.

„Со Ибрахимовиќ сме многу блиску до договор. Има само некои мали детали кои треба да ги решиме“, рече Малдини.

Милан моментално е на второто место во Серија А и е на добар пат да избори место во Лигата на шампионите идната сезона.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk