Еден од првите луѓе на Милан, Паоло Малдини им се извини на навивачите на тимот за влезот во проектот – Супер лига. Според поранешниот фудбалер на клубот, тој и самиот не знаел за намерата на сопствениците.

„Не учествував во преговорите за создавање на Супер лига. За сето ова дознав во неделата навечер, кога сите клубови ја дистрибуираа заедничката декларација. Тоа беше одлука на високо ниво и јас бев прилично збунет“, рече Малдини.

„Но, тоа не значи дека не сум одговорен, затоа им се извинувам на навивачите. Им се извинувам не само на оние од Милано, туку и на сите оние кои сметаа дека се нарушени принципите на спортот“, додаде тој.

sportmedia.mk