logo
logo
logo

Македонските таеквондисти без медал на ЕП во Бугарија

Vecer | 11.04.2021

Македонските таеквондисти без медал на ЕП во Бугарија

Македонските натпреварувачи во таеквондо, не успеаја да се вмешаат во битката за медалите на Европското првенство за сениори кое изминативе денови се одржа во Софија. Иако отпатуваа со големи надежи, денеска тие завршија со настапот на Дејан Георгиевски и Филип Додевски. И двајцата беа поразени во првото коло.

Георгиевски загуби од Иван Гарсија (Шпанија) 11-24, па така не успеа да добие голема пресметка со актуелниот олимписки шампион Радик Исаев од Азербејџан.

Додевски во пресметка против светскиот првак Махди Кодабахши (Иранец со српски пасош) загуби на поени со 16:4.

Претходно своите настапи уште на стартот ги зваршија и Стаменов, Анамарија Георгиевска и Милијана Рељиќ.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk