Во дисциплината спуст

Македонските кајакари осмопласирани на СП во Франција (Видео)

Македонската кајакарска репрезентација заврши на осмото место во спуст во дисциплината 3хК1 на Светското првенство во кајак во Пау, Франција

Нашиот најдобар кајакар, Љубомир Спасиќ, беше дел од репрезентативното тимско возење заедно со Енис Небиовски и Александар Златар, кои ја поминаа делницата за време од 1:03.17 за осмо место. На првите три места се најдоа репрезентациите на Франција, Словенија и Германија.

Утре, воедно се и поединечните трки во спуст и слалом, а на патеката одново ќе се појави Љубомир Спасиќ, кој ќе биде дел од трката во слалом.

Максимално ќе се потрудиме да ја представиме Македонија во најдобро светло, изјави Спасиќ за Вечер, во пресред на утрешната трка.

Претходно, нашата репрезентација во слалом (Александар Златаров, Борче Мирчевски и Енис Небиовски) заврши на 20. место.

 

 

 

 

Поврзани

Најнови вести

Коментари