logo
logo
logo

Македонија во фокусот на УЕФА: Првиот меч со Австрија еден од седумте највозбудливи дуели во групната фаза на ЕУРО!

Vecer | 13.03.2021

Македонија во фокусот на УЕФА: Првиот меч со Австрија еден од седумте највозбудливи дуели во групната фаза на ЕУРО!

Македонија одново е во фокусот на УЕФА. Речиси да не поминува ден а на официјалниот сајт на УЕФА да не се спомене нешто за нашата репрезентација, па и со право. Посебно ако се знае дека Македонија, покрај Финска, е дебитантот на едно вака големо натпреварување.

Инаку според УЕФА дебито на Македонија, односно првиот меч на ЕУРО 2020 со Австрија од Групата Ц, е најавен како еден од највозбудливите мечево во групната фаза. Се напоменува во текстот дека Македонија има шанса за реванш, ако се знае дека Австрија на последните два меча успеа да ја победи Македонија, дека во Букурешт ќе биде нешто друго. Се опишува и патот на нашата репрезентација до пласманот на ЕП. Исто се прашува дали Пандев со 37 години ќе успее да постигне еден или два гола на ЕУРО.

Да потсетиме дека овој натпревар се игра на 13 јуни.

Останатите шест највозбудливи мечеви од групаната фаза, според УЕФА се Турција – Италија (Група А), Данска – Финска (Група Б), Англија – Шкотска (Група Д), Шпанија – Полска (Група Е), Португалија – Франција (Група Ф), Германија – Унгарија (Група Ф).

 

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk