logo
logo
logo

Македонија со Војдан Стојановски дури во февруари

Vecer | 28.09.2021

Македонија со Војдан Стојановски дури во февруари

Македонската кошаркарска репрезентација во ноември стартува со квалификациите за место на СП 2023 година. Во овој месец селекторот, Драган Бајиќ и неговите избраници ќе одиграат два меча, против Шпанија на домашен терен (26.11) и против Украина на гости три дена подоцна.

Во составот на нашиот најдобар национален тим за жал нема да се врати капитенот, Војдан Стојановски. Рехабилитацијата по тешката повреда на коленото засега се одвива во најдобар ред, еден од нашите најдобри кошаркари нема да успее да биде максимално подготвен за ноемврискиот прозорец.

Добра вест е што Војдан почна со тренинзи во сала, а поради тежината на повредата ќе мора да биде многу внимателен за да се врати во добро познатото светло.

Тој ќе може да им помогне на своите соиграчи во февруари, против Грузија на гости и на домашен терен.

Македонија првата фаза од квалификациите за СП 2023 година ги завршува во јули со Шпанија на гости и Украина на домашен терен.

 

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk