УЕФА потврди

Македонија носител во девизијата Д во Лигата на нации

Европската фудбалска федерација - УЕФА го официјализираше форматот на Лигата на нации каде Македонија ќе игра во дивизијата Д како дел од првиот шешир заедно со Азербејџан, Белорусија и Грузија.

Во меѓувреме, во истата дивизија ќе игра и Косово, но со Андора, Сан Марино и Гибралтар. Албанија ќе игра во дивизијата Ц. Според жрепката, екипите ќе се делат на по една група со три екипи и три групи со по четири екипи.

Според календарот на УЕФА, средбите од првото коло по групи ќе се играат од 6 до 8 септември следната година.

Поврзани

Најнови вести

Коментари