Македонија на мапата на фудбалската мафија – двајца менаџери, едниот е екс фудбалер се под истрага во Белгија за местење натпревари и финансиски криминал

Двајца македонски државјани се осомничени дека учествувале во сомнителни финансиски трансакции повразни со фудбалери во Белгија. Тие се откриени во меѓународна истрага на повеќе обвинителства околу наместени натпревари во белгиското првенство и лажирање на суми за исплата на плати на тренери и играчи. Според информациите на Телма двајцата осомничени македонски државјани се фудбалски менаџери, а едниот од нив е поренешен активен фудбалер. Засега нема информации дали тие учествувале во местење на натпревари или пак ги фалсификувале документите поврзани со финансиските детали на нивните клиенти.

Од Јавното обвинителство потврдиле дека учествувале во истрагата која била координирана преку европската агенција „Еуроџаст", но се воздржаа од дополнителни коментари и информации.

Истрага, покрај Белгија и Македонија, се водела и во Србија, Црна Гора, Франција, Кипар и Луксембург.

Извор: Телма

Поврзани

Најнови вести

Коментари