logo
logo
logo

Македонија на ЕП во Букурешт ќе игра пред 25.000 гледачи!?

Vecer | 11.03.2021

Македонија на ЕП во Букурешт ќе игра пред 25.000 гледачи!?

Полека, но сигурно, се наближува 13 јуни, кога Македонија ќе дебитира на едно големо фудбалско натпреварување, а тоа е ЕУРО 2020. Првиот меч го играме со Австрија во Букурешт и тоа на Националната Арена, а четири дена подоцна на истиот стадион играме со Украина.

Нашите фанови, кои сакаат да ја бодрат репрезентацијата се во неизвесност со оглед на тоа што короната беснее во Европа, па така и ако има гледачи, тој број ќе биде до 25% од капацитетот на стадионот, значи некаде околу 13.000 гледачи. Сепак најновите информации од Букурешт велат дека има големи шанси таа бројка да се зголеми на 50% од капицитет на Арената, а тоа значи дека Македонија со Австрија и Украина, би играла пред 25.000 гледачи. Ова е добра вест, зошто и контигентот со наши фанови во Букурешт ќе биде поголем.

Сепак за вакво нешто да се оствари, ќе треба барем малку да се подобро ситуацијата со Ковид-19 во Романија, пред се во Букурешт.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk