logo
logo
logo

Македонија на ЕП 2021 во Талин, Краков, Острава или Тампере?

Vecer | 27.02.2021

Македонија на ЕП 2021 во Талин, Краков, Острава или Тампере?

Европската одбојкарска асоцијација (ЦЕВ) го потврди и распоредот за завршницата на Европското првенство за мажи оваа година, на кое своето учество ќе по вторпат во историјата ќе го има и македонската репрезентација.

ЦЕВ ги потврди градовите каде ќе биде организирана по една група од првата фаза на првенството. Тоа ќе бидат: Талин (Естонија), Краков (Полска), Острава (Чешка) и Тампере (Финска).

Бидејќи квалификациите се уште не се завршени (продолжуваат во мај), сè уште не се познати сите учесници на ЕП. Покрај организаторите, пласман на завршниот турнир обезбедија најдобрите осум на претходното ЕП 2019, како и Летонија, Турција, Бугарија и Македонија во досега завршените квалификации.

ЦЕВ исто така потврди дека втората фаза од првенството (осминафинале и четврфинале) ќе се игра во Полска (Гдањск) и Чешка (Острава). Завршницата на шампионатот ќе биде на 18 и 19 септември со полуфиналињата и мечеви за медал кои ќе се играат во Катовице, Полска. Шампионатот треба да започне на 1 септември.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk