logo
logo
logo

Македонија испушти сензација против Италија

Vecer | 18.02.2021

Македонија испушти сензација против Италија

Македонскиот кошаркарски национален тим е поразен од Италија на квалификацискиот натпревар од 3. коло во Перм. Нашата селекција цело време имаше предност или „егал“ со италијанците, но во финишот, поточно во последната четвртина Италија погодуваше, и дојде до победата од 92:84. Малку недостасуваше за голем триумф, само детали, концентрација во последните мигови која изостана, а и среќата ги следеше Италијанците во последниот период кога погодија неколку тешки шутеви и тројки.

Во текот на целиот меч беше неизвесно. Цело време селекциите се менуваа во водство. Македонија на полувремето имаше предност 43:41.

Со исто темпо продолжи и вториот дел, а на стартот од четвртиот период Италија малку се „одлепи“ (имаше +6). Македонија ја стигна и таа разлика, но потоа со две тројки по ред Италијанците дојдоа до +7. Во финишот се играше кош за кош, и Италија стигна до победата, а Македонија го запиша третиот пораз во квалификациите.

Ненад Димитријевиќ имаше „симултанка“ со 24 поени и 12 асистенции. Но недоволно да се дојде до првиот триумф.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk