logo
logo
logo

Македонија ЃП или Струга ТЛ: Кој ќе има европско лето?

Vecer | 06.05.2021

Македонија ЃП или Струга ТЛ: Кој ќе има европско лето?

До крајот на сезоната остануваат уште две кола. Познато е дека битката за опстанокот, односно за избегнување на баражот ќе биде супер интересна, а такво нешто се очекува и во битката за третото место. Место кое ќе води во Европа, во квалификациите во новата Конференциска лига.

Македонија ЃП или Струга ТЛ, само една од овие две екипи ќе има европско лето.

Во пресрет на последните две кола “лавовите“ се во мала предност, имено тие имаат бод повеќе. До крајот треба да играат со Шкендија дома и со Вардар на гости. Реално би требало да освојат најмалку три бода.

Струга ТЛ пак има 51 бод, а игра со Вардар дома и во последното коло со Силекс во Кратово. И стружани реално би требало да освојат најмалку три бода, тие со Вардар.

Ако се случи во недела стружани да го победат Вардар, што е реално, а Македонија ЃП да не слави против Шкендија, исто така и тоа  реално, тогаш се ќе се решава во последното коло.

Во тоа коло “лавовите“ му гостуваат на Вардар, а Струга ТЛ ја чека пекол во Кратово, ако се знае дека и Силекс е во битка за избегнување на баражот.

Треба да се каже дека во случај на ист број бодови по тоа 33.коло, Македонија ЃП е во предност зошто има подобар меѓусебен скор и тоа само за еден гол.

Значи на Струга ТЛ, ако сака Европа, и треба во недела прво да го победи Вардар, притоа Македонија ЃП да не ја победи Шкендија во Ѓорче, и во последното коло триумф во Кратово.

 

ТАБЕЛА

3.МАКЕДОНИЈА ЃП 52

4.СТРУГА ТЛ 51

 

КОЈ СО КОГО ДО КРАЈОТ

МАКЕДОНИЈА ЃП:

32.КОЛО: МАКЕДОНИЈА ЃП – Шкендија

33.КОЛО: Вардар – МАКЕДОНИЈА ЃП

СТРУГА ТЛ:

32.КОЛО: СТРУГА ТЛ – Вардар

33.КОЛО:Силекс – СТРУГА ТЛ


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk