logo
logo
logo

Македонија ЃП – А. Пандев: Последните финалисти во битка за ново Куп финале!

Vecer | 06.04.2021

Македонија ЃП – А. Пандев: Последните финалисти во битка за ново Куп финале!

Денеска од 13 часот, по новата сатница со оглед на тешката корона – криза кај нас, во Ѓорче се игра првото полуфинале во Купот на Македонија меѓу Македонија ЃП и Академија Пандев. Се игра само еден натпревар, во случај на нерешен резултат по 90.минути веднаш ќе се изведуваат пеналите. Победникот од овој меч се среќава од подобриот од утрешниот дуел меѓу Струга Трим Лум и Силекс во големото финале кое е закажано за 19 мај.

И двете екипи јасно е дека посакуваат ново финале. “Лавовите“ посакуваат свое четврто во историјата, а “пандевци“ второ. Уште поинтересно е тоа што овие две екипи во мај 2019 година, кога се играше последно Куп финале водеа битка на тој меч во кој победник излегоа струмичани откако се изведуваа пенали. Секако треба да се спомене дека овие две екипи во саботата, пртед четири дена, во рамките на 25.коло како да имаа увертира. И тогаш победија струмичани со 2:1 со двата гола на Марио Крстовски.

Секако дека се очекува бескомпримисен натпревар, желбите на двете екипи се големи, амбициите исто така се големи. Академија Пандев, растоварена од притисокот во врска со опстанокот во ПМФЛ, може сега слободно да се посвети во Купот.

Кога сме кај традицијата „пандевци“ имаат далеку подобар скор. Досега овие две екипи одиграле 12 средби, Македонија ЃП победила на три, двапати се завршило без победник а Академија Пандев има седум победи, гол разликата е 11:22 за гостите од Струмица.

Да повториме, мечот денеска во Ѓорче започнува од 13 часот, во “зимски“ термин.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk