logo
logo
logo

Македонија е комплетна, се „местат коцките“ за Данска

Vecer | 09.03.2021

Македонија е комплетна, се „местат коцките“ за Данска

Македонската ракометна репрезентација денеска ќе тренира во полн состав. Последен во таборот на „црвено-жолтите“ ќе се приклучи Жарко Пешевски. Пикерот имаше обврски со својот Штутгарт, па токму затоа последен допатува во Скопје.

Селекторот, Кирил Лазаров и струшниот штаб имаат ден и пол во комплетен состав да се подготват за актуелниот светски првак, Данска, против кого ќе одиграме два меча во рамките на квалификациите за место на ЕП 2022 година. Првата средба се игра 11. март во СЦ „Борис Трајковски“ додека реваншот е три дена подоцна во Алборг.

Македонија на стартот на квалификациите забележа две победи, против Финска дома и против Швајцарија на гостински терен, па потврдата на визата ќе ја бара токму против овие две репрезентации.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk