logo
logo
logo

Мајкл Џордан: Патиките на кошаркарската легенда продадени за рекордни 1,47 милиони долари

Vecer | 25.10.2021

Мајкл Џордан: Патиките на кошаркарската легенда продадени за рекордни 1,47 милиони долари

Црвено белите патиките што ги носеше американската кошаркарска ѕвезда Мајкл Џордан за време на првата НБА сезона во 1984 година се продадени на аукција за рекордни 1,47 милиони долари.

Џордан носеше пар црвено-бели патики Nike Air Ships за време на неговата прва сезона додека играше за Чикаго Булс во 1984 година.

Тоа беше година кога тој и Најк почнаа да соработуваат и да го создаваат брендот за облека и обувки на Џордан.

Досега ова е највисоката продажна цена постигната на аукцијата за чевли што ги носеле некои спортисти.

Џордан е еден од најдобрите играчи во историјата на кошарката.

Поголемиот дел од својата кариера го помина играјќи за Чикаго Булс, а стана светска икона додека играше за НБА.

Џордан, кој се повлече од кошарката во 2003 година, стана првиот милијардер во историјата на оваа кошаркарска лига.

„Парите добиени за патиките на Мајкл Џордан го потврдуваат местото на неговата франшиза Ер Џордан на пазарот на патики“, изјави Брам Вучер од аукциската куќа Сотби во Лас Вегас.

Патиките на аукцијата ги донесе Ник Фиорела, познат колекционер.

Пред аукцијата, патиките беа проценети помеѓу милион и милион и пол долари.

Сепак, тие не се најскапите патики на светот.

Рекордот го држи раперот Канје Вест, чии патики Nike Air Language 1 Prototype достигнаа цена од 1,8 милиони долари на приватна аукција во април.

Рекордната цена на патиките во изминатите години неколку пати беше соборувана, а на овој пазар, заедно со колекционерите, се приклучија и други купувачи.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk