logo
logo
logo

Мајката на Рабио повторно на „сцена“: Не сака да преговара со Тен Хаг, туку со директорот на Манчестер Ј.

Vecer | 10.08.2022

Мајката на Рабио повторно на „сцена“: Не сака да преговара со Тен Хаг, туку со директорот на Манчестер Ј.

Фамозната Вероник Рабио, мајка на фудбалерот на Јувентус Адриен, повторно има специјални услови во најавените преговори меѓу Манчестер Ј. и нејзиниот син за трансфер на „Олд Трафорд“. Според пишувањат ана островските медиуми, Вероник побарала преговорите да ги води лично со спортскиот директор на „црвените ѓаволи“, Џон Муртог, а не со менаџерот на тимот Ерик Тен Хаг, кој сака да биде комплетно вклучен во разговорите.

Госпоѓата која е позната по неверојатните барања кои ги поставува за трансфер на нејзиниот син од клуб во клуб, поставила ултиматум за преговорите да можат воопшто да се одржат. Таа на Муртог му напоменала дека не ја интересира премногу минутажата која ќе ја добива нејзиниот син, туку финансиските детали од договорот, со оглед на тоа што клубовите меѓу себе се договориле за трансфер обештетување од 17 милиони евра, плус бонуси.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk