logo
logo
logo

Мајами продолжува да ги „меле“ ривалите, нова победа и за шампионот

Vecer | 01.03.2021

Мајами продолжува да ги „меле“ ривалите, нова победа и за шампионот

Актуелниот вицешампион во НБА лигата, Мајами Хит продолжуваат со одличните партии во регуларната сезона. Синоќа тие на домашен терен ја совладаа Атланта со 109:99 и ја остварија шестата последователна победа.

Мајами по малку лошиот старт на сезоната ја најде својата вистинска игра и продолжи да ги „меле“ противниците на последните шест натпревари. Иако не играше еден од најважните кошаркари во тимит, Џими Батлер, „жешките“ не пропуштија да слават со одлината игра на Кендрик Нан кој постигна 24 поени, а Бам Адебајо придонесе со 16 поени и 13 скока.

Кај гостинскиот тим Џон Колинс беше најдобар кошаркар со 34 поени, а Тре Јанг постигна само 15 поени.

Возбудливо беше и на натпреварот меѓу Сакраменто Кингс и Шарлот Хорнетс, кој на крајот им припадна на Хорнетс со еден поен разлика, 126:127. Оваа вечер сигурно ќе ја памети Пи-Џеј Вашингтон, кој постави личен рекорд со 42 поени.

НБА РЕЗУЛТАТИ:

Милвоки – ЛА Клиперс 105:100

Бостон – Вашингтон 111:110

Детроит – Њујорк 90:109

Хјустон – Мемфис 84:133

ЛА Лејкерс – Голден Стејт 117:91

Мајами – Атланта 109:99

Минесота – Феникс 99:118

Сакраменто – Шарлот 126:127


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk