logo
logo
logo

Мајами нема да му даде максимален договор на Оладипо, само поради повредата на коленото

Vecer | 11.04.2021

Мајами нема да му даде максимален договор на Оладипо, само поради повредата на коленото

Една од ѕвездите на Мајами Хит, Виктор Оладипо, кој станува неограничен слободен играч ова лето, веројатно нема да добие максимален договор од „жешките“.

Според „Бечер Рипорт“, шансите на 28-годишниот кошаркар да постигне максимална зделка значително се намалуваат со повредата на десното колено. Имено, десното колено на Оладипо му прави проблеми уште од ноември 2018 година, а досега за скоро три години, кошаркарот мораше да направи неколку операции, кои го ставаат во редот на кошаркари кои се сериозно ранливи на повреди.

Поради новата повреда, Оладипо ќе пропушти најмалку 4 средби за својот тим, а не е познато ниту комплетното време кое ќе му биде потребно за комплетна рехабилитација.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk