logo
logo
logo

Магичниот Столе не ѝ дозволи на Барса да ја отвори Ла Лига со победа

Vecer | 13.08.2022

Магичниот Столе не ѝ дозволи на Барса да ја отвори Ла Лига со победа

Фантастична партија на нашиот репрезентативен голман Столе Димитриевски кој правеше чуда на голот на Рајо Ваљекано и е најзаслужниот што Барселона не успеа да ја почне новата сезона во Ла Лига со триумф.

Рајо и димитриевски оддолеаја на сите напади на Каталонците и на крајот заслужија реми – 0:0 на „Камп Ноу“. Барса предводена од Чави мечот го почна со дел од големите засилувања како Левандовски, Рафиља и Кристенсен, но иако имаа неколку одлични шанси, до крајот не успеаја да ја погодат мрежата на нашиот голман.

За Рајо ова е извонреден почеток на новата сезона во која ќе биде тврд орев за сите противници. Димитриевски по мечот е прогласен за најкорисен фудбалер.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk