logo
logo
logo

Магдинчев: Лино не е во право за Самсоненко, да бидеме реални успехот на Вардар тешко ќе се повтори!

Vecer | 28.01.2022

Магдинчев: Лино не е во право за Самсоненко, да бидеме реални успехот на Вардар тешко ќе се повтори!

Пред почетокот на првото полуфинале меѓу Шпанија и Данска, во студиото на МТВ гостуваше Ристо Магдинчев, редовен стручен коментатор на СПОРТМЕДИА за време на големите натпреварувања.

Покрај тоа што говореше за македонската репрезентација, тој јавно кажа дека не се согласува со изјавата на Лино Червар за Сергеј Самсоненко. Според него овој човек со Вардар го направи она што можеби нема да се повтори во блиска иднина.

„Лино не беше во право со онаа изјава за Сергеј Самсоненко. Човекот направи тим освои две титули и тоа е нешто што не може да се избрише. Да бидеме искрени, тешко дека некој друг тим ќе може да го повтори истиот успех. Не ме интересира дали било политика или не, важни се титулите. Конкретно Лино имаше шанса да го постигне истото во времето кога Металург имаше многу пари.

Самсоненко излезе попаметен од ПСЖ и Веспрем. ПСЖ има милионски буџет, но не може да ја помириса титулата.

Михајло има шанса да го продолжи успехот од претходно еве нека направи тим. Истот се однесува за Е.Пелистер, според мене станува збор за најроганизиран тим во македонското првенство, ќе бидат потребни уште неколку години за да има резултати“, рече Магдинчев.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk