logo
logo
logo

Лутон го има најмалиот стадион во Чемпионшип, а ќе игра Премиер лига (ВИДЕО)

Vecer | 28.05.2023

Лутон го има најмалиот стадион во Чемпионшип, а ќе игра Премиер лига (ВИДЕО)

По вчерашниот успешно одигран бараж дуел, тимот на Лутон за прв пат во својата историја ќе игра во Премиер лигата која, како што е добро познато е форимрана во 1992 година.

Овој мал клуб, од предградието на Лондон испиша историја со пласманот во највисок ранг но тоа со себе носи и момент кој тешко дека некој го замислувал.

Лутон настапува на стадион  кон е стар повеќе од еден век, и кој има капацитет од само десетина илјади гледачи.

На истиот за потребите на Премиер лигата му се потребни сериозни репарации, за да минимум ги исполни стандардите на најдобрата лига во светот.

Целата репортажа направена за стадионот на Лутон погледнете ја во продолжение, а видеото ќе ви разбуди и повеќе од доволно носталгија, за некои други вфудбалски времиња, кои очигледно како времеплов доаѓаат со тимот на Лутон, новиот Премиерлигаш.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk