logo
logo
logo

Лукаку за 120 милиони евра се враќа во својот омилен клуб!?

Vecer | 07.04.2021

Лукаку за 120 милиони евра се враќа во својот омилен клуб!?

Ромелу Лукаку е постојано тема во италијанските медиуми. Без разлика на головите на Кристијано Роналдо за Јуве, сепак се знае дека само поради Белгијанецот титулата по цели 11 години ќе се врати во витрините на Интер. Лукаку сезонава е фантастичен.

Сепак исто така се знае дека “неро-аѕурите“ имаат финансиски проблеми, и ќе мораат нешто да направат ова лето на тој план.

Најлесно е да го продадат својот “бисер“ кој вреди околу 120-130 милиони евра. За него интерес има од Премиер – лигата, најмногу од Манчестер сити, исто и Барселона прашува за него, но желбата на Челзи е одново Ромелу да заигра на “Стемфорд Бриџ“. Познато е дека Белгијанецот постојано вели дека Челзи му е омилен клуб, па таму отиде на 17 години, и дека кога тогаш ќе се врати во Лондон.

Тренерот Тухел во него гледа замена за очајниот Тимо Вернер.

На ова свое ДА треба да даде и Конте, тренерот на Интер. Без него тој нема шанси да остане на „Ѓузепе Меаца“, но на Интер му требаат пари.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk