logo
logo
logo

Лукаку и Лаутаро го вратија Интер на врвот во Серија А (ВИДЕО)

Vecer | 14.02.2021

Лукаку и Лаутаро го вратија Интер на врвот во Серија А (ВИДЕО)

Со победата над Лацио од 3:1, фудбалерите на Интер го преземаа врвот во италијанската Серија А. „Нероаѕурите“ вечерва ја обезбедија 15-тата победа во тековната сезона, колку што има и нивниот градски ривал Милан, но поради тоа што имаат еден пораз помалку, фудбалерите на Антонио Конте со бод предност го „украдоа“ врвот на табелата од Милан.

Ромелу Лукаку и вечерва беше мотиваторот за новата победа на момците на Конте, иако голема заслуга во победата има и неговиот партнер во нападот Лаутаро Мартинез. Врз Аргентинецот беше направен прекршокот за пенал кој Лукаку во 22. минута го претвори во водство од 1:0.

Во финишот на полувремето, Бегијанецот погоди и вторпат во мрежата на Реина за 2:0, а по петнаесетина минути во вториот дел Лацио се закани со голот на Ескаланте.

Сепак, Лаутаро Мартинез со голот само три минути подоцна ги врати работите на исто растојание и се чини ја потврди победата.

 


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk