Лука Модриќ има 23 имењаци, еден од нив е гробар на кој деноноќно му ѕвонат упорни фанови

Лука Модриќ, од хрватското село Затон Обровачки, по професија е гробар и е далечен роднина на најдобриот фудбалер во светот, со кого исто така се и имењаци.

Како што пишува храватскиот портал „24сата“ во моментов во Хрватска има 23 лица кои имаат имиња и презимиња исти како најдобриот светски фудбалер.

Новинарите се обиделе да контактираат со некои од нив, при што повеќето не сакале да коментираат, но Лука Модриќ од Затон Обровачки без проблем ги споделил своите искуства со нив.

„Да, јас сум Лука Модриќ, имењак на најдобриот фудбалер во светот. Работам како гробар во Затон Обровачки. Лука и јас сме единствените луѓе во ова место со исто име и презиме. Претходно беше и дедото на Лука“, рекол имењакот на фудбалерот на Реал Мадрид, кој додал дека на неговиот телефон често знаат да се јават фанови на еден од најдобрите играчи за врска.

„Додека траеше Светско првенство во Русија, телефонот постојано ѕвонеше. Имаше денови кога се јавуваа по 10-15 луѓе, главно помлади момци и девојки. Некои од нив врскаа од радост кога им кажував дека го добиле Лука Модриќ, но брзо сфаќаа дека не е тој Лука кој тие го бараат. Што да кажам, горд сум на тоа што мојот имењак го освои признанието за најдобар играч во светот“, изјавил гробарот Лука од Затон Обровачки.

Тој исто така е и далечен роднина со капитенот на хрватската фудбалска репрезентација.

Инаку, плејмејкерот на Реал Мадрид по освојувањето на наградата за најдобар фудбалер на СП во Русија, по наградата на УЕФА за фудбалер на годината, конечно, го крена и најелитниот индивидуален трофеј во светот на фудбалот, „Златната топка“ на „Франс фудбал“.

извор: Makfax

Поврзани

Најнови вести

Коментари