Лука Дончиќ, познат како насмеано момче кое секогаш е подготвено за шега, шокираше со својот изглед и зборови откако Далас загуби од Шарлот со 117:109.

„Толку сум фрустриран. Мислам дека сите го знаете тоа кога ќе ме видите на теренот. Во последно време се чувствувам како да не сум јас, туку само стојам на теренот, знаете?

“Порано навистина уживав и се смеев на играта, но сега сум толку фрустриран поради многу причини, не само од кошарка. Многу работи ми се случуваат надвор од теренот, кој е поголем од кошарката, но не сакам да зборувам за мојот приватен живот“, изјавил Дончиќ видно депресивен.

Видеата од неговата тажна презентација станаа вирални, како и маицата што ја носеше.

Никогаш потажно, Дончиќ му се отвори на светот во маица со урнебесна порака напишана во комбинација на англиски и српски: „Се што ми треба е суво месо и ракија“.

Дончиќ е Словенец, но татко му е Србин и никогаш не крие дека е вистински балкански хедонист, како за музиката, така и за храна и пијалоци.

За тоа сведочи и натписот на неговата маица, кој стана хит на онлајн продавниците. Таму се рекламира како „Маичката што ја носи Лука Дончиќ“.

Фото: Твитер