Ракометарите на Лудвигсхафен во чии редови настапува нашиот репрезентативен голман Мартин Томовски, по победата во минатото коло, повторно претрпеа пораз. Денеска на гостувањето кај Фухсе Берлин, тимот на нашиот репрезентативец загуби со 28:21.

Томовски ја доби својата минутажа на голот на гостите и за 40 минути на голот на Лудвигсхафен успеа да запише 6 успешни интервенции, меѓу кои две беа и на удари од 7 метри.

sportmedia.mk