Планетата се уште е во шок откако се дозна дека Лео Меси ја чини Барселона на годишно ниво 138 милиони евра, или пак за четири години вкупно 555 милиони евра. Денеска дел од медиумите во Шпанија го анализираат во детали договорот на Лео со Барса, склучен во 2017 година со важност до јуни оваа година.

Во него има толкку многу “луди“клаузули што нормален фудбалски фан на Барселона навистина не може да ги “свари“ што се вели.

Најлудата е онаа за лојаност, која Барселона треба да ја исполни и да му плати на Меси плус 66 милиони евра без разлика што тој во јуни ќе си оди од “Камм Ноу“. Ова е заради тоа што Аргентинецот бил лојален за време на изминатите четири години. Тој имал бонус ако биде избран за играч на годината според ФИФА, плус ако одигра 60% од натпреварите за Барса во текот на една сезона, а се смета ако одигра само 45 минути на еден меч.

И на крај има една шокантна клаузула, во неа стои дека ако Каталонија се отцепи од Шпанија, тогаш Меси може во секое време да си замине без отштета.