logo
logo
logo

Луд меч меѓу Денвер и Портланд, Лилард реализира дури 55 поени!

Vecer | 02.06.2021

Луд меч меѓу Денвер и Портланд, Лилард реализира дури 55 поени!

Кошаркарите на Денвер поведоа со 3:2 во НБА плеј-офот против Портланд откако во мајсторката беа подобри од Трејлблејзерс по две продолженија. Резултатот на крајот гласеше 147:100.

Денвер на почетокот на втората четвртина стигнаа и до +22, гостите, сепак, се вратиа во ритам и успее да стигнат до -3 поени (65:62). При резултат 121:118 Лилард, кој беше најдобар поединец на мечот, шутна за три но неговиот шут со фаул го спречи Остин. Па најдобриот играч на Трејлблејзерс од слободни фрлања донесе продолженија.

Во првото продолжение играчите на Денвер набрзина зголемија на +9 (132:123), меѓутоа гостите се вратија во „живот“ и во финишот со тројка на Лилард повторно изедначија. Сепак, во второто продолжение кошаркарите на Денвер се потрудија да го привршат мечот во своја корист. Никола Јокиќ блесна во завршните моменти, со две тројки и неколку одлични потези го однесе Денвер до триумф.

Јокиќ даде 38 кошеви, имаше 11 скокови и 9 асистенции, а се истакнаа уште Морис со 26 и Портер со 25 поени. Кај Портланд Лилард имаше дури 55 поени и 10 асистенции. Тој стана четвртиот играч во историјата на НБА лигата со ваков ефект по Расел Вестбрук, Слипи Флојд и Џери Вест.

Во другите мечеви: Бруклин го совлада Бостон 123:109 и се пласираше во следната фаза. Феникс Санс ги совлада Лејкерс со 115:85 и поведе со 3:2 во серијата. Тука ќе се игра нов натпревар.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk