logo
logo
logo

ЛШ: Шампионот со „крпен“ напад против Пари Сен Жермен

Vecer | 07.04.2021

ЛШ: Шампионот со „крпен“ напад против Пари Сен Жермен

Бранителот на европската титула Баерн Минхен во незгоден момент остана без многу опции во нападот. Првиот голгетер Роберт Левандовски се повреди настапувајќи за полската репрезентација во квалификациите, потоа Серж Гнабри има позитивен тест на коронавирус, Толисо е повреден, па тренерот Ханси Флик има проблеми во составувањето на екипата која треба да излезе на мегдан со францускиот првак.

Здрави се Коман и Чупо-Мотинг,кој воедно е екс-играч на ПСЖ. Тука може да помогнат младиот Џамал Мусиала и Томас Милер кој се офанзивци, но не и класични напаѓачи. Вон стројот се уште Даглас Коста, Марк Рока и Алфонсо Дејвис кој е суспендиран.

Но и ПСЖ не е без проблеми. Поради повреди ги нема Бернат, Икарди, Курзава, Верати и Флоренци се позитивни на коронавирус, а Паредес е суспендиран.

Овие две екипи лани се соочија во финалето, а тогаш победник беше Баерн со оној гол на Кингсли Коман.

На другиот меч Порто ќе го пречека Челзи. Ова е нивен прв меѓусебен дуел по пауза од нешто повеќе од пет години. Инаку од вкупно осум дуели меѓу овие две екипи, Челзи славел пет пати од кои само еднаш на „Драгао“.

Порто направи сензација со елиминацијата на Јувентус, ќе видиме дали ќе може да земе уште еден голем скалп. Поради суспензии Порто нема да смета на Серж Оливеира и Тареми, Диого Коста има коронавирус, а повредени се Маркано и Мбаје. Челзи нема такви проблеми.

ЧЕТВРТФИНАЛЕ

ПОРТО – ЧЕЛЗИ                21:00 ч.

БАЕРН – ПСЖ     21:00 ч.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk