logo
logo
logo

ЛШ: Реал (М) со два гола предност ќе патува на „Енфилд“ (ВИДЕО)

Vecer | 06.04.2021

ЛШ: Реал (М) со два гола предност ќе патува на „Енфилд“ (ВИДЕО)

Сосема заслужено, Реал (М) со големи 3:1 ќе патуваа во Англија на реванш четврфиналето со Ливерпул. „Кралевите“ беа подобар тим вечерва, особено во првото полувреме, оставајќи ги момците на Клоп без многу шанси за реализација. Иако во вториот дел одиграа многу подобро, „црвените“ со јаз од два гола ќе го дочекаат најтрофејниот европски тим на реваншот на „Енфилд“.

Реал од самиот почеток почна да го притиска гостинот. Во воведните минути Бензема прв стрелаше кон гостинскиот гол, но без посебен проблем за Алисон. Во 12. минута со глава се обиде и Винисиус, но топката пролета покрај голот.

Реал и натаму продолжи да притиска, додека Ливерпул играше главно на пресечени топки, но не успеа да развине ниту една контра.

Во 27. минута фантастично уфрлување на Тони Крос, уште подобра реакција на Винисиус и гол за водство на Реал (М) од 1:0.

Доминацијата на „кралевите“ продолжи и сосема очекувано во 37. минута дојде и вториот гол. Грешно вратена топка кон шеснаесетникот на Бекер, Асенсио пресече и луцидно го префрли бразилскиот голман за 2:0.

Ливерпул продолжи со несигурна игра и малку недостасуваше по уште едно недоразбирање меѓу Кабак и Алисок во 42. минута домашните да поведат и со 3:0.

На самиот старт на вториот дел, „црвените“ во својата прва шанса успеаја да постигнат гол. Салах собра еден отпадок во шеснаесетникот на Реал и погоди под Куртоа за 2:1. Ливерпул играше многу подобро во второто полувреме, го притисна Реал, создаде уште неколку шанси но без завршница.

Казната стигна во 65. минута кога Модриќ убаво асистираше за Винисиус, а овој по вторпат погоди во мрежата на гостите за 3:1.

РЕАЛ (М) – ЛИВЕРПУЛ 3:1


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk