ПСЖ успеа да го елиминира актуелниот европски шампион Баерн (М) во четврфиналето на ЛШ, иако на реваншот вечерва во Париз загуби со 1:0. Само поради поголемиот број погодоци кои парижани ги постигнаа во Минхен се протнаа до полуфиналето.

Германците со самиот почеток на мечот се обидоа да го притиснат домаќинот, но ПСЖ по рецептот од првиот меч чекаше грешка на противникот и уште во првите 10 минути добри две одлични шанси преку Мбапе и Нејмар кои не успеа да ги претвори во гол.

Баерн продолжи со притисокот, но без конкретна шанса, додека ПСЖ во 22. минута имаше извонредна полуконтра која Мбапе, Нејмар и Д Марија на крајот не успеаја да ја претворат во шанса за гол. Првиот конкретен шут на Баерн дојде во 25. минута преку Сане, но тој не успеа да го погоди голот на Навас. Веднаш по него се обиде и Кимих, но и тој биеше крај голот.

Само неколку минути подоцна најубавата шанса во првиот дел. Контра по левата страна преку Мбапе, кој враќа на пеналтикот за Нејмар, но овој не успеа да го совлада Нојер. Потоа следуваше уште еден шут на Нејмар кој Нојер успеа да го одбрани, за во 37. минута, Бразилецот да бие и третпат кон голот на Баерн, но овој пат топката удри во пречката.

Казната стигна три минути подоцна, кога Чупо-Мотинг успеа да ја собере одбиената топка на Навас и со глава да ја смести во неговата мрежа за водство од 1:0.

И второто полувреме почна жестоко и со шанси. По две минути игра Алаба се обиде со шут од 16 метри, но само крај голот. Нејмар минута подоцна имаше шанса за ПСЖ, но биеше високо над голот на Нојер.

Баерн (М) во 62. минута имаше одлична шанса за зголемена предност, но Милер кој одлично прими една топка во домашниот шеснаесетник, го погоди голманот Навас и не успеа да зголеми на 2:0.

ПСЖ доби шанса во 78. минута откако Мбапе беше уфрлен во празно и успеа да го погоди голот на Нојер, но Орсато ја крена раката за офсајд.

ПСЖ – БАЕРН (М) 0:1

sportmedia.mk