По еден гол на супер-дербито во Каталонија за неизвесно продолжение на вториот дел. На дуелот во Унгарија каде РБ Лајпциг е домаќин на Ливерпул, Англичаните за нијанса подобри, но не успеаја да искористат ниту една шанса за водство.

БАРСЕЛОНА – ПСЖ 1:1

Каталонците имаа неколку добри шанси се до 27. минута, кога холандскиот арбитар Бјорн Кујпер спокажа на белата точка, а Меси рутинирано го донесе каталонскиот гигант до предност од 1:0.

 

ПСЖ не се повлече, напротив продолжи со својата игра, па во 32. минута, Мбапе по асистенцијана Верати возврати за 1:1.

 

РБ ЛАЈПЦИГ – ЛИВЕРПУЛ 0:0

Лајпциг почна одлично, па преку Дани Олмо уште на самиот почеток го затресе десниот дирек од голот на Алисон. Ливерпул возврати со две одлични шанси преку Салах и Фирмино, но мрежата на домашниот голман остана недопрена. „Црвените“ преку Фирмино дури и успеаја да погодат, но судијата Винчиќ од Словенија веднаш го поништи голот поради офсајд.

sportmedia.mk