logo
logo
logo

ЛШ ПОЛУФИНАЛЕ: Челзи патува во Истанбул на англиско финале во ЛШ (ВИДЕО)

Vecer | 05.05.2021

ЛШ ПОЛУФИНАЛЕ: Челзи патува во Истанбул на англиско финале во ЛШ (ВИДЕО)

Повеќе од заслужено, Челзи со победа од 2:0 во меч во кој тотално доминираше и ги остави фудбалерите на Реал (М) практично без вистинска шанса во второто полувреме од мечот обезбеди пласман во големото финале на УЕФА Лигата на шампионите. Момците на Томас Тухел одиграа уште еден одличен меч против бледиот тим на Зинедин Зидан, погодија двапати, а имаа уште најмалку три 100% шанси за гол со што апсолутно ја заслужија и победата и пласманот во големото финале. За Челзи ова ќе биде трето учество во финалните дуели на ЛШ, од каде има еден трофеј (2012) и еден пораз (2008).

Стартот на реванш дуелот меѓу Челзи и Реал (М) дојде со првата вистинска шанса во 18. минута. Тимо Вернер постигна гол, кој беше поништен затоа што беше во офсајд. Во 26. минута, прва сериозна шанса на натпреварот. Карим Бензема шутираше од работ на казнениот простор, но Менди го одбрани неговиот удар.

Само две минути подоцна гол. Челзи води со 1:0, со погодокот на Тимо Вернер. Канте тргна во контра, додаде до Хаверц кој ја погоди гредата, а потоа топката се одби до Вернер, кој ја затресе празната мрежа.

Бензема имаше нова шанса во 35. минута. Модриќ центрираше, Французинот шутираше со глава, а Менди уште еднаш одбрани.

Стартот на вториот дел донесе голема шанса за Хаверц и нов шут во гредата на Куртоа. Резултатот остана неопроменет. Во 59. минута истиот фудбалер пропушта уште една 100% шанса. Германецот излезе еден на еден со Куртоа и го погоди во ногата.

Третата 100% шанса за Челзи во вториот дел дојде во 65. минута. Тимо Вернер повлече контра од својата половина, проигра со Канте, но неговиот удар Валверде успеа да го изблокира. Челзи продолжи да креира опасни ситуации во нападот, но во последните 10 минути од средбата влезе со минимална предност.

Во 85. минута, Кристијан Пулишиќ успеа да сервираше топка за Мејсон Маунт во срцето на петерецот на Куртоа, а младиот голгетер од непосредна близина погоди за 2:0 што практично значеше решение на сите дилеми на мечот.

 

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk