Вечерва започнува главниот дел од УЕФА Лигата на шампионите. Првите 8 натпревари од групната фаза на најсилниот клупски турнир се на програмата во двата термини, кои ќе донесат неколку извонредни пресметки меѓу фаворити и за највисок пласман.

Програмата традиционално започнува со две средби во 18:45 часот. Една од нив е вистинско дерби, затоа што на „Сан Сиро“ Милан се среќава со Њукасл. „Росонерите“ денеска ќе се обидат да го заборават тешкиот пораз од Интер (1:5) и со победа да стартуваат во најсилното европско натпреварување. За „страчките“ од Англија ова е своевидно враќање на турнирот по долго отсуство, па и тие по секоја цена ќе сакаат да се докажат пред европската публика.

Вториот меч во ран термин е меѓу Јанг Бојс и РБ Лајпциг. Германците се очигледни фаворити, но гостувањата во Швајцарија никогаш не биле лесни.

Веројатно многу поинтересно ќе биде во 21 часот. Шампионот Манчестер Сити ја започнува одбраната на титулата со меч како домаќин на балканскиот гигант Црвена звезда. „Граѓаните“ знаат дека нема да дојдат до лесни три бода, особено ако се знае дека „црвено-белите“ секогаш се подготвени за изненадувања.

Интересно ќе биде и во Париз, каде францускиот шампион ПСЖ е домаќин на Борусија (Дортмунд), а ништо понеинтересно нема да биде и во Рим, каде Лацио и Атлетико Мадрид ќе тргнет по првите бодови. Со оглед на тоа дека и двата тима се фаворити во групата „Е“, овој натпревар може да биде од големо значење за конечниот пласман и битката за првите места.

На шампионот на Шпанија, Барселона, ќе му гостува Антверпен. Каталонците не можат да си дозволат ништо друго освен победа на овој натпревар, но Белгијците се незгоден противник кој може да направи изненадување доколку бидат потценети.

Во новата сезона на Лигата на шампионите, Македонија ќе има свој претставник во Елиф Елмас. Нашиот репрезентативец утре со Наполи на гости кај Брага ги почнува настапите во новата сезона на најсилното европско натпреварување.

ЛИГА НА ШАМПИОНИ – 1 КОЛО

ГРУПА Е

21.00 Феенорд – Селтик

21.00 Лацио – Атлетико (М)

ГРУПА Ф

18.45 Милан – Њукасл

21.00 ПСЖ – Борусија (Д)

ГРУПА Г

18.45 Јанг Бојс – РБ Лајпциг

21.00 Манчестер Сити – Ц. Звезда

ГРУПА Х

21.00 Барселона – Антверпен

21.00 Шахтјор – Порто

 


sportmedia.mk