logo
logo
logo

ЛШ: Ливерпул со победа и празна мрежа на првиот меч со Лајпциг (ВИДЕО)

Vecer | 16.02.2021

ЛШ: Ливерпул со победа и празна мрежа на првиот меч со Лајпциг (ВИДЕО)

И покрај резултатската криза во Англија, Ливерпул на Јирген Клоп се врака со голема победа од гостувањето против РБ Лајпциг во Будимпешта. Со два гола за пет минути во вториот дел, „црвените“ си го поплочија патот до четврфиналната фаза уште вечерва во Будимпешта.

Лајпциг почна одлично, па преку Дани Олмо уште на самиот почеток го затресе десниот дирек од голот на Алисон. Ливерпул возврати со две одлични шанси преку Салах и Фирмино, но мрежата на домашниот голман остана недопрена. „Црвените“ преку Фирмино дури и успеаја да погодат, но судијата Винчиќ од Словенија веднаш го поништи голот поради офсајд.

Ливерпул тргна решително во вториот дел да постигне гол, а Лајпциг продолжи со слабата игра на средината. Тоа допринесе од две последователни грешки, гостите да постигнат два гола за голема предност.

Најпрво Салах (53’) украде една топка пред домашниот дефанзивец Клостерман и ја смести во мрежата на Гулаши за 0:1, за само пет минути подоцна Мане на скоро ист начин да дојде во ситуација и да погоди за 0:2.

РБ ЛАЈПЦИГ – ЛИВЕРПУЛ 0:2

 


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk