logo
logo
logo

ЛШ: Фоден му обезбеди минимална предност на Сити пред реваншот во Германија (ВИДЕО)

Vecer | 06.04.2021

ЛШ: Фоден му обезбеди минимална предност на Сити пред реваншот во Германија (ВИДЕО)

Многу потешко од очекуваното, Манчестер Сити обезбеди минимална победа од 2:1 на првиот четврфинален меч против Борусија (Д).

Иако Манчестер Сити почна со мал притисок кон голот на Германците, токму Борусија (Д) ја имаше првата посериозна шанса. Во 7. минута Белингем се појави пред голот на Едуардо, биеше, но голманот на Ситу успеа да одбрани.

И покрај добрата игра на Борусија (Д), една грешка беше кобна за во 19. минута домашните сепак да поведат.

Борусија (Д) загуби топка на средината, во брза контра предводена од Де Бруин, токму Белгиецот на крајот ја спроведе топката во мрежата на Хиц за водство од 1:0.

Гостите не се предадоа, создадоа неколку одлични шанси, но резултатот до полувремето остана непроменет.

Првата шанса во вториот дел ја имаа гостите. Долга топка за Халанд, тој успеа да го добие дуелот со дефанзивците на Сити, излезе пред Едерсон, но не успеа да му ја протне топката меѓу нозе и да израмни. Германците имаа и слободен удар во 62. минута, но Ројс биеше само во живиот ѕид. Три минути подоцна, Фоден имаше убава шанса за Сити, но Хиц брани.

Истиот фудбалер во 77. минута доби нова можност, но шутираше од далечина само во рацете на голманот на гостите.
Борусија (Д) по одличната игра цел натпревар, конечно доби награда за упорноста. Во 83. минута Халанд го проигра Ројс, а капитенот успеа да го матира Едерсон за 1:1.

Сепак, Германците не издржаа за реми. Во последната минута од регуларниот дел, Фоден, конечно, по неколку пропуштени шанси успеа да постигне гол за победа, 2:1.

МАНЧЕСТЕР С. – БОРУСИЈА (Д) 2:1


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk