logo
logo
logo

ЛШ: Баерн никогаш нема победено во Париз, сега мора да биде перфектен

Vecer | 13.04.2021

ЛШ: Баерн никогаш нема победено во Париз, сега мора да биде перфектен

Вечерва се играат реванш натпреварите од четвртфиналето на Лигата на шампионите. На програмата се два дуели, едниот во Париз, едниот во Лондон. Најинтересниот е во престолнината на Франција каде на „Паркот на принцовите“ ќе се соочат Пари Сен Жермен и Баерн Минхен. Минатогодишните финалисти повторно еден против друг. На првиот меч во Минхен славеше францускиот првак со 3:2 и со тоа му врати на германскиот шампион за поразот во финалето на ЛШ минатата година.

Сега на Баерн има тешка мисија затоа што освен што треба да победи со два разлика, ќе игра и против традицијата која вели дека никогаш не победил во Париз. Сите дуели со ПСЖ на „Паркот на принцовите“ ги загубил (3:0 во 2017 година, 1:0 во 2000 година, 3:1 во 1997 година сите одиграни во рамките на ЛШ).

Баерн и Флик имаат многу проблеми. Отсутни се Даглас Коста, Гнабри, Левандовски, Зиле, Рока, Тилман, Толисо, Хофман… Па Флик ќе мора да комбинира.

И ПСЖ е со проблеми но не се толку страшни. Отсутни се Икарди, Курзава, Маркињос и голманот Навас кој влече повреда и е неизвесен за настап. Но е посилен за Верати кој го прележа коронавирусот.

Во Лондон се среќаваат Челзи и Порто. „Сините“ обезбедија предност од 2:0 уште на првиот меч па треба уште рутински да си ја одработат задачата. Статистиката вели дека Порто никогаш го нема победено Челзи во гости. Поточно ги изгубил сите досегашни четири дуели. И вечерва не му се даваат големи шанси за сензација.

ЛШ – ЧЕТВРТФИНАЛЕ (РЕВАНШИ)
ЧЕЛЗИ – ПОРТО                21:00 ч.
Прв меч: 2:0
ПСЖ – БАЕРН     21:00 ч.
Прв меч: 3:2


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk