Штета, во седмиот меч воп ЛШ во групата А, Вардар во неизвесен меч загуби од Пик Сегед со 26:28. Тоа беше првиот пораз за нашиот шампион од овој тим по петте победи во серија. Дури 17 години му требаше на Пик Сегед за да победи во Скопје.

Ете, тоа го стори вечерва.

Ова беше петтиот пораз на Вардар во А групата, остана само на таа една победа со Фленсбург, и ремито со Порто.

Велиме штета, зошто Вардар во најголем дел од мечот одигра одлично, квалитетно, но на крајот загуби.

Вардар мечот го започна со Чупиќ како десен бек, а Гоце Георгиевски за првпат сезонава во ЛШ беше стартер на десното крило. Но не тргнаа добро вардаци, првиот гол го постигнаа преку Чупиќ во 4.50 минута. До тие моменти Пик Сегед имаше водство. Првото израмнување Вардар го имаше за 7:7, тука треба да се спомене атракцијата на Дисингер по додавањето на Чупиќ за 9:9, кога од зад грб го совлада гостинскиот голман.

Дибиров “леташе“ во тие моменти по теренот, постигна фантастичен гол за водство од 11:10 во 20.минута, додека веднаш да го споменеме и прекрасниот гол на голманот Борко Ристовски од гол на гол, и тоа за водство од 14:12. Во тие моменти Вардар просто си поигруваше со унгарците кои не знаеја од каде доаѓаше опасноста. Вардар беше атрактивен, Дибиров, Чупиќ, Дисингер, борбените Стоилов и Калараш, и ставија до знаење дека на овој меч сакаат победа.

Нас крајот од првиот дел резултатот на семафорот гласеше 15:13 за нашиот шампион. Да споменеме дека и покрај, поради Ковид-19, забраната за присуство на гледачи во Арената “Јанде Сандански“, беа присутни колу 100 лица кои му дваа поддршка на својот Вардар.

Во вториот дел, барем на почетокот Јотиќ беше тој што го “влечеше“ Вардар, со двата гола ја држеше таа резултатска дистанца во корист на својот тим од два гола разлика. Пик Сегед од петни жили се обидуваше да дојде до пресврт, но никако не успеваше во тие моменти. Вардар и во одбраната беше сосема солиден. И тогаш дојде до мал пад во концентрацијата кога Пик Сегед успеа да дојде до егал од 20:20 во таа 44.минута, штета.

Следуваше резултатска “клацкалка“, рововска битка на паркетот во “Јане Сандански“ до тие 22:22, за Радивојевиќ од седум метри успеа да му донесе водство на Пик Сегед од 23:22. Тука веројатно се “кршеше“ резултатот, но затоа Дибиров со асистенција до Валчак кој стрелаше за одново егал.Во тие моменти Унгарците имаа постојано водство од еден гол разлика, Вардар мораше да ја стига таа негатива. За да на 5-6 минути нашиот тим никако не успеаваше да израмни, во последните 3 минути се влезе со еден разлика за гостите од Унгарија, со резултат 26:25. На Вардар не му одеше ниту од седум метри, Чупиќ на 2,5 минути го промаши целиот гол а гостите казнија со гол за водство од два гола. Во последните 60 секунди Пик Сегед влезе со водство од еден гол. Гостите сепак постигнаа гол преку Бахиди и тоа беше тоа, Пик Сегед победи со 26:28.

sportmedia.mk