logo
logo
logo

Ловро Јотиќ на мета на бундес-лигаш

Vecer | 24.03.2021

Ловро Јотиќ на мета на бундес-лигаш

Ловро Јотиќ следната сезона би можел да се пресели во Бундес-лигата. Според „Билд“ ракометарот на Вардар е на списокот на желби на Лајпциг.

По завршување на оваа сезона германскиот тим ќе се раздели со Филип Вебер, кој се договори со Магдебург. Иако двајцата играат на различна позиција, сепак челниците на Лајпциг имаат план да почнат преговори со Јотиќ. Хрватскиот ракометар е надвор од терените, веќе долго време не е во составот на Вардар, прво поради коронавирус, а сега поради повреда, за која од таборот на македонскиот тим не изнесоа детали.

Јотиќ во Вардар дојде во 2020 година, го носеше дресот на Е.Пелистер, доколку се договори со Лајпциг, тој за првпат ќе заигра во една од најсилните европски лиги.

 

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk