logo
logo
logo

Лотито вети премија од 3 милиони евра ако Лацио го елиминира Баерн Минхен во ЛШ

Vecer | 05.02.2021

Лотито вети премија од 3 милиони евра ако Лацио го елиминира Баерн Минхен во ЛШ

Во пресрет на осминафиналето во Лигата на Шампионите, каде Лацио се среќава со европскиот првак, Баерн Минхен, претседателот на „лацијалите“ Клаудио Лоттито дополнително ги мотивираше своите играчи.

Имено тој им вети дека имаат да поделат премија од 3 милиони евра ако успеат да ги елиминираат “баварците“ и се пласираат во четвртфиналето во Лигата на Шампионите.

И тоа не е се, Лотито кој нашиот Пандев го врзува непријатна епизода од времето кога Ел Гранде играше за Лацио, на своите играчи им вети премија од по 400.000 евра ако неговиот тим на крајот ја освои титулата во Серија А.

Се разбира дека ова ќе биде тешко ако се знае дека во моментов „лацијалите“ се на 5.место со 9 бодови помалку од лидерот Милан.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk