logo
logo
logo

Лотито: Инзаги ме разочара, го чекав да потпише договор, а тој „избега“

Vecer | 27.05.2021

Лотито: Инзаги ме разочара, го чекав да потпише договор, а тој „избега“

Foto>Twitter/The Laziali

Претседателот на Лацио, Клаудио Лотито изјави дека е разочаран од одлуката на тренерот Симоне Инзаги да го напушти клубот и да премине во Интер. Инзаги и Лотито вчера се договориле за продолжување на соработката до јуни 2024 година, но денеска Инзаги одлучи да не потпише и да го напушти Лацио во насока на Интер каде што ќе стави потпис на двегодишен договор.

Разочаран сум. Синоќа зборувавме едно, денеска тој направи друго. Договорот беше спремен, јас го потпишав, уште тој требаше да стави потпис. Го чекав, а тој не дојде. Ми се јави и ми рече дека се премислил и дека одлучил да си оди. Дури седум часа седевме синоќа, разговаравме и се договоривме. Сега ми вели дека нема повеќе мотивација, не може да го ’запали’ фудбалерите. Кога некој ќе ти го каже тоа, како да го задржиш? Да ми кажеше ден претходно, немаше да ги спремам документите за потпис“, изјави Лотито.

Инзаги помина 21 година во Лацио, прво како играч потоа и како тренер. Како тренер го освои Купот на Италија и два пати Суперкупот на Италија.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk